(ВИДЕО)„Знаење што менува“ со Елена Петковска, менаџер на детскиот едукативен центар во Семос едукација

-Дигиталната писменост во суштина подразбира учество во дигитализацијата, односно логичко размислување и креирање на содржини во дигиталниот свет. Ја изучуваме азбуката. Ги учиме да ги препознаваме буквите. Од буквите создаваме зборови, па потоа зборовите ги комбинираме во реченици. Истиот принцип важи и за IT едукацијата. Ако децата од најраната возраст се запознаат со компјутерското размислување, дигиталната писменост, тие ќе знаат како понатаму да креираат зборови и да ги комбинираат во реченици во дигиталниот јазик.➡Она што секој родител треба да го направи уште веднаш за своето дете е да му овозможи IT едукација, да му овозможи дигитална писменост и да го запознае со вештачката интелигенција и нејзиното функционирање.

-Децата од најрана возраст се сретнуваат со дигитализација. Прво се цртаните, потоа се мобилните телефони и потоа се видео платформите. Но дали единствено користењето на техниката е тоа што се нарекува дигитална писменост?

-Родителите сметаат дека со тоа што нивното дете знае да го вклучи компјутерот, знае да го отклучи мобилниот телефон, веќе е спремно за дигиталната иднина. Но тоа не значи дигитална писменост на едно дете.

-Дигиталната писменост во суштина подразбира учество во дигитализацијата, односно логичко размислување и креирање на содржини во дигиталниот свет. Ја изучуваме азбуката. Ги учиме да ги препознаваме буквите. Од буквите создаваме зборови, па потоа зборовите ги комбинираме во реченици. Истиот принцип важи и за IT едукацијата. Ако децата од најраната возраст се запознаат со компјутерското размислување, дигиталната писменост, тие ќе знаат како понатаму да креираат зборови и да ги комбинираат во реченици во дигиталниот јазик.

-Дигитална писменост значи свесно и правилно користење на телефони, таблети и компјутери. Дигиталната писменост е како да научиме да креираме и свесно да споделуваме содржини на интернет. Дигитална писменост исто така значи како да научиме да креираме видеа коишто ќе ги споделуваме со пријателите или со околината.

-На интернет имаме се – и позитивна и негативна содржина. Децата треба да научат да ја препознаваат содржината и како да се заштитат од неа.

Елена Петковска, менаџер на детскиот едукативен центар во Семос едукација.

-Дали родителите може да знаат и како може да знаат дека нивното дете е дигитално писмено?

-Во моментот кога детето сурфа на интернет и ќе му се појави поп-ап прозорец со побарување да прифати нешто, детето несвесно клика Yes, односно прифаќа. Со тоа значи дека дека детето не знае да процени дали тоа е некаков вид на опасност и дали со неговата потврда ќе влезе во некој опасен виртуелен момент. Кога детето креира нешто дигитално, дали е слика, цртеж или слично, кога детето пронаоѓа соодветно дигитално решение, односно истражува на интернет е тогаш веќе знаеме дека детето е дигитално писмено.

-Вештачката интелигенција (ВИ) на детето може да му помогне со поттик на креативноста, но таа не може да биде креативна наместо него. Исто така ВИ може да му помогне на детето во олеснување на добивање на информации, меѓутоа сите добиени податоци треба да се селектираат и да се изберат најсоодветните.

-Ако не знаеме како да ја користиме вештачката интелигенција таа ќе биде само една играчка за нашето дете. Затоа потребно е да се едуцираме, информираме, потребно е да им дадеме можност на сите деца да добијат информации што значи IT едукација, што значи дигитална писменост и што значи познавање од вештачка интелигенција.

-Она што секој родител треба да го направи уште веднаш за своето дете е да му овозможи IT едукација, да му овозможи дигитална писменост и да го запознае со вештачката интелигенција и нејзиното функционирање.

-Во Детскиот едукативен центар на Семос едукација постојат курсеви за  IT едукација на децата од најмала возраст, односно првите чекори кон запознавање со дигиталната писменост. Првите чекори кон запознавање со графичкиот дизајн, со програмирањето. Исто така постојат и курсеви коишто ги водат средношколците напред кон нивната иднина. Средношколците имаат можност да се стекнат со основната дигитална писменост преку IT академијата за средношколци, а потоа стручно да се насочат во други области како што се дигитален маркетинг, програмирање со Python плус вештачка интелигенција, внатрешен дизајн и дата аналист за средношколци.

Елена Петковска, менаџер на детскиот едукативен центар во Семос едукација

Повеќе за дигиталната писменост погледнете во видеото