
Вигенин: Мицкоски не сака Македонија да биде дел од ЕУ бидејќи тоа значи поголема отвореност и контрола врз сè што прави Владата
Европратеникот прецизирал дека нема начин Македонија да продолжи по патот на пристапување кон ЕУ без да ги исполни претходно поставените критериуми за членство.
Членот на бугарската партија БСП и европратеник, Кристијан Вигенин, во врска со прашањето за европската интеграција на Македонија, смета дека премиерот Христијан Мицкоски всушност не сака неговата земја да биде дел од Европската Унија.
„Бидејќи ова значи поголема отвореност, поголема контрола врз сè што прави Владата. Втората поента е дека тој се обидува однапред да купи гаранции дека што и да направи следно, нема да има блокада од Бугарија или друга земја. Тој вели: „Да, може да ги вклучиме Бугарите во Уставот, но сакаме гаранции дека нема да има повеќе други барања. Тоа не е можно“, рекол Вигенин во изјава за бугарските медиуми.
Според него, постојат јасни критериуми што мора да се исполнат. Европратеникот прецизирал дека нема начин Македонија да продолжи по патот на пристапување кон ЕУ без да ги исполни претходно поставените критериуми за членство.