Вештак од Србија на судењето „Онкологија 1“: Одлуките за избор, промена или прекин на терапијата кај онколошки пациенти не биле јасни

Вештакот Давор Радославевиќ од Србија на денешното продолжение од судското рочиште за случајот „Онкологија 1“ рече дека кај сите онколошки пациенти немало структурирано радиолошко следење, ниту објаснување зошто им се давало нова терапија.

Вештакот Давор Радославевиќ од Србија на денешното продолжение од судското рочиште за случајот „Онкологија 1“ рече дека кај сите онколошки пациенти немало структурирано радиолошко следење, ниту објаснување зошто им се давало нова терапија.

„Не можам да потврдам дека видов кај сите пациенти структуирано радиолошко следење, особено, немаше објаснување зошто се воведува нова терапија со оглед дека ги разгледував случаите со малигни заболување на белите дробови“ – рече вештакот.

Појасни и дека „ниту одлуките за избор, промена или прекин на терапијата не биле јасни“.

„Можам да кажам дека сите извештаи не беа јасни во тој поглед. Сигурен сум дека во ниту еден нема перформанс статус, ниту опис на Клиничкиот наод“, дополни Радославевиќ.

Одбраната во случајот тврди дека има недостиг од медицинска документација за да се направи вештачење. Адвокатот на првообвинетиот – Нино Васев смета дека проблемот со вештакот од Словенија, се пресликува и кај вештакот од Србија.

„И него му фалат наоди, му фали опис на коморбидитетите и се она што го добива пациентот кога се среќава со докторот. Му фалат сега и КТ наоди, тоа се клучни докази без кои не може да се врши валидно вештачење, изјави адвокатот Боби Спирковски.

Васев, заедно со колегите Симонида Црвенковска и Драган Јакимовски се обвинети за тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување на пациенти.