
Вечер со Соња Каранџулоска и пријателите во МКЦ Скопје
Словенечкиот центар - Скопје по повод словенечкиот државен празник на културата, Прешернов ден 2025 организира вечер со Соња Каранџулоска и пријателите во Младинскиот културен центар Скопје.
Словенечкиот центар – Скопје по повод словенечкиот државен празник на културата, Прешернов ден 2025 организира вечер со Соња Каранџулоска и пријателите во Младинскиот културен центар Скопје.
Соња Каранџулоска работела во Македонскиот народен театар во Скопје и е позната театарска, филмска и телевизиска глумица која има словенечко потекло.
На прославата, како што информираат од Словенечкиот центар – Скопје, ќе настапат Соња Каранџулоска, Душан Кировски, Лилјана Стоилковска, Елена Пренџова, Софиа Насевска Трифуновска, Борче Начев, Гордана Ендровска, Филип Трајковски, ХМД „Кочо Рацин” – диригентка Ангела Рајчиноска, „Смирна”, Стефи Силјановска, Ева Карамановска, „Студио Данса Латино Стефи”.