Со три финални натпревари по дивизија во Лигата на нации вечерва ќе заврши квалификацискиот циклус за Европското првенство во Германија.
Велс и Полска ќе се сретнат во финалето на плеј-офот од Лигата А, Украина и Исланд се пласираа во финалето во Лигата Б, додека Грузија и Грција ќе го играат последниот натпревар во Лигата Ц.
Победниците од овие натпревари одиграни вечерва ќе се пласираат на ЕП и ќе ги комплетираат групите кои моментално изгледаат вака:
Група А: Германија, Шкотска, Унгарија, Швајцарија.
Група Б: Шпанија, Хрватска, Италија, Албанија.
Група Ц: Словенија, Данска, Србија, Англија.
Група Д: Велс/Полска, Холандија, Австрија, Франција.
Група Е: Белгија, Словачка, Романија, Украина/Исланд.
Група Ф: Португалија, Грузија/Грција, Турција, Чешка.
Прв натпревар на распоредот ќе биде мечот меѓу Грузија и Грција во Тбилиси, кој започнува во 18:00 часот, додека од 20:45 часот Украина и Исланд ќе излезат на терен во Вроцлав (Полска, неутрален терен) и Велс и Полска во Кардиф.