Вечерва по полноќ во 02.32 – минута молк пред „Пулс“

Граѓаните на Кочани вечерва ќе одбележат една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ со тивок собир и оддавање почит на загинатите. Граѓанското здружение „16 март 2025“ најави дека граѓаните ќе се соберат во 02:15 часот пред поранешната дискотека „Пулс“, каде ќе се одржи комеморативен настан во знак на сеќавање на жртвите.

Граѓаните на Кочани вечерва ќе одбележат една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ со тивок собир и оддавање почит на загинатите.

Граѓанското здружение „16 март 2025“ најави дека граѓаните ќе се соберат во 02:15 часот пред поранешната дискотека „Пулс“, каде ќе се одржи комеморативен настан во знак на сеќавање на жртвите.

Организаторите повикаа граѓаните да се соберат во тишина и заедно да оддадат почит за 63-те жртви од трагедијата што го потресе градот и целата држава. Во 02:32 часот, моментот кога започнала катастрофата, ќе биде одржана минута молк.

Настанот е дел од повеќедневната програма со која Кочани ја одбележува годишнината од пожарот во дискотеката, една од најголемите трагедии во поновата историја на земјата.

Во пожарот, што избувна во раните утрински часови на 16 март 2025 година, животот го загубија 63 лица, а над 190 беа повредени.

Во пресрет на годишнината, пред објектот се поставени 63 симболични срца со имињата на загинатите, како потсетник на младите животи што згаснаа таа ноќ.