Вечерва почнуваат обилни врнежи, засилен ветер и пад на температурите
Од Управата за хидрометеоролошки работи, соопштуваат дека од денеска попладне и во текот на ноќта под влијание на влажна воздушна маса, ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни, и ќе има услови за ретки грмежи.

Ќе дува и повремено засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.
Во среда и четврток ќе преовладува стабилно време, а од петок и деновите од викендот нови врнежи.
Во Скопје кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни, а во текот на ноќта и утре ќе дува засилен северен ветер