
Пожар вечерва избувна во дуќан во скопската населба Кисела Вода. Брзата интервенција на скопските пожарникари спречи негово ширење во соседните дуќани во зградата на улицата „Христо Татарчев“, кај Мечкаров.
На терен излегоа осум пожарникари, првично со три возила, но откако главната опасност беше надмината, едното возило веднаш се повлече.
Во пожарот нема повредени, а причинета е материјална штета. Неофицијално, причината е електрична инсталација. Во моментот на избувнувањето на пожарот двата дуќани беа затворени.
-Станува збор за електрична инсталација. Брзо интервениравме. Интервениравме со три возила и осум пожарникари. Сега нема опасност, вели заменик командирот на смена во ТППЕ Скопје, Ерол Лали.