Вечерва е новото издание на Трилинг

Бриселски одлуки, софијска недоверба, македонски фрустрации. Како да се надомести изгубеното време? Како наместо не да се прифати да? Зошто јавноста е затруена со нетолеранција?
 
Додека бевме во бриселскиот авион, се потурболентни се економските струи. Инфалцијата галопира, се појавија и кризните профитери.
 
Македонско-бугарски медиумски форум
Околу 20-тина новинари два дена, во велико Трново, дебатираа за реафирмација на говорот на разбирање, наместо окупацијата на јавноста со ширење на омраза и нетолеранција. Што се очекува од Северна Македонија, колку и како на патот кон предпристапните преговори до унијата можат да се користат искуствата на Бугарија. Познати новинарски имиња од печатот и телевизиите, со оценки за Трилинг. Ангел Петров од весникот Дневник, Милена Миотинова, тв водител на емисијата Брисел 1 на Бугарија он еар, како и политичкиот аналитичар од весникот Сега, Петјо Цеков. Не е лесно да си првенец на генерација во струките и професиите што се подложни на постојано техничко-технолошко иновирање. Од десетината носители на инжинерскиот прстен што го доделува претседателот Пендаровски, архитект и ит програмер се гости во Трилинг со Марија Димишкова.
https://youtu.be/OIdVZW8WQGo