Ветеринар од Полска спасил 200 мачки и 60 кучиња од украински Лавов

Ветеринарот Јакуб Котович (32) од Полска патува ширум Украина и спасува животни сред воените зони. Тој досега спасил над 200 мачки и 60 кучиња од украинскиот град Лавов.

Полјакот 15 години има и добротворна организација за спасување животни, наречена „Фондација АДА“, па сега ја користи за да ги спаси погодените и настраданите во војната.

„Сите домашни миленици се под голем стрес, патувањето од Лавов трае еден ден и границата ја минавме со дипломатска карта, но линијата од Украина беше многу долга“ – вели ветеринарот.