
Верстапен ја освои ГН на Азербејџан
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, го задржа водството откако стартуваше од пол-позицијата и однесе убедлива победа на денешната Формула 1 трка возена за Големата награда на Азербејџан.
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, го задржа водството откако стартуваше од пол-позицијата и однесе убедлива победа на денешната Формула 1 трка возена за Големата награда на Азербејџан.
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, заврши на второто место, додека Карлос Сајнц од Вилијамс беше трет.
Ландо Норис од Мекларен заврши седми, додека неговиот клупски колега лидер во поредокот, Оскар Пјастри, се повлече по инцидентот во првиот круг.