Вероника Бучковска e новата в.д. директорка на Агенцијата за филм

Вероника Бучковска е именувана за в.д. директорка на Агенцијата за филм, одлучи Владата на седницата одржана на 17.12.2024 г. и доаѓа на местото на Даниела Станковска Плачковска, која неодамна поднесе оставка од функцијата.

Вероника Бучковска е именувана за в.д. директорка на Агенцијата за филм, одлучи Владата на седницата одржана на 17.12.2024 г. и доаѓа на местото на Даниела Станковска Плачковска, која неодамна поднесе оставка од функцијата.

Бучковска е дел од Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка при Агенцијата за филм од 2011 година, задолжена за промоција на македонската филмска продукција на локално и меѓународно ниво како и за следење на реализацијата на филмските фестивали. Има долгогодишно работно искуство во организирање и учество на настани од различни формати, со национален и меѓународен карактер, од типот на меѓународни конференции и фестивали, еднодневни обуки/работилници и сл. Активно учествува во организацијата/коорганизацијата на: EAVE Producer’s Workshop, Giffoni Film Days, Giffoni Macedonia, работилницата SNOWE-Women in Film, Генерално собрание на Одборот на директори на Eurimages – Македонија, MakeCoProDox форум, Les-Is-More работилница за сценарија, First Cut Lab Balkans, фестивалски и индустриски програми со фокус на македонската и регионалната филмска продукција во рамки на бројни филмски фестивали, и голем број настани ориентирани кон младата публика и иницијативи за филмско образование. Учествува во подготовка и реализација на сите публикации и брошури кои се однесуваат на промоција на филмската дејност (брошурата „Факти и бројки“ – 2019-2022 и годишен каталог на македонска филмска продукција – 2012-2023 г.).

Бучковска е национален претставник во Европската аудиовизуелна опсерваторија (European Audiovisual Observatory) и мрежата Европска филмска промоција (European Film Promotion), членка на мрежата на SEE (South-East European) Cinema Network, член на Мрежата на Европски филмски комисии (EUFCN- European Film Commissions Network), член на Creative Europe MEDIA Committee и член на Balkan network group.