Венс: Ниту Европа, ниту САД, ниту Украина не можат да ја продолжат оваа војна на неодредено време

„Сакаме Украинците да имаат суверена и независна земја. Мислиме дека украинските трупи се бореа многу храбро, но сме во момент каде ниту Европа, ниту Соединетите Држави, ниту Украинците не можат да ја продолжат оваа војна на неодредено време. Значи, важно е сите да дојдат на маса, а претседателот се обидува да испрати многу експлицитна порака: Украинците мора да дојдат на маса и да почнат да преговараат со претседателот Трамп“, изјави Венс.

Гласот на Америка на украински беше дел од новинарите кои што му поставија прашања на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во Конгресот за најновите настаните со војната во Украина, привременото запирање на воената помош од САД кон земјата, но и што значи оваа одлука за силите на терен.

На прашањето дали е можно паузата на помошта за Украина да им дава предност на Русите, американскиот потпретседател вели дека Доналд Трамп многу јасно кажа за политика кон Украина, а тоа е дека сака Украинците да дојдат на преговарачка маса.

„Сакаме Украинците да имаат суверена и независна земја. Мислиме дека украинските трупи се бореа многу храбро, но сме во момент каде ниту Европа, ниту Соединетите Држави, ниту Украинците не можат да ја продолжат оваа војна на неодредено време. Значи, важно е сите да дојдат на маса, а претседателот се обидува да испрати многу експлицитна порака: Украинците мора да дојдат на маса и да почнат да преговараат со претседателот Трамп“, изјави Венс.

Околу тоа дали смета дека е можно да се постигне договор за клучните минерали со Украина во овој момент, Џеј Ди Венс вели:

Да, секако дека (договорот за минерали може да се постигне). Мислам дека претседателот сè уште е посветен на договорот за минерали. Мислам дека слушнавме некои позитивни работи, но сè уште нема потпис од нашите пријатели во Украина. Договорот за минерали е навистина важен дел од политиката на претседателот. Број еден, американскиот народ мора да добие одредено враќање за неверојатните финансиски инвестиции што ги направивме во оваа земја. Голем дел од помошта што ја испратија Европејците дојде во форма на пари што им се враќаат. Навистина е смешно, и искрено, навреда за американскиот народ, што Европејците добиваат подобар договор од американскиот народ. Претседателот само се обидува да увери дека американскиот народ ќе добие фер договор, а истовремено со тоа имаме пристап до некои минерали и ресурси кои се многу важни за економијата во иднината.

Говорејќи за санкциите и како да се стави крај на војната, односно да се извршите притисок врз двете страни, Венс смета дека политиката на САД е да се запре крвопролевањето.

-Ние сè уште имаме голем број санкции што им се наметнуваат на Русите. Ние веруваме дека Русите економски се погодени поради овој конфликт. Ние веруваме дека е во најдобар интерес на Русија, но и на Украина и на Соединетите Држави е да се стави крај на овој конфликт. Ние, веруваме во примена на притисок врз сите, за да се запре крвопролевањето, бидејќи таква е политиката на претседателот и тоа е во најдобар интерес на американскиот народ.