Венецуела тврди дека ЦИА сака да го убие претседателот Мадуро
Венецуела соопшти дека привела шест странци, меѓу кои и еден припадник на елитните американски специјални сили „СЕАЛ“ под сомнение за наводен заговор за дестабилизација на земјата, која е во криза по спорните избори во јули.
Министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабело тврди дека наводниот заговор бил предводен од ЦИА и дека целта била да се убие претседателот Николас Мадуро, други венецуелски функционери, вклучително и него.
Американскиот Стејт департмент го отфрли тврдењето како лажно.
Обвинението доаѓа во време кога опозицијата на Венецуела, неколку лидери на Јужна Америка и САД држави одбиваат да ја признаат спорната изборна победа на Мадуро, што беше проследено со масовни протести, при што беа убиени и уапсени илјадници луѓе.
Кабело на вчерашната прес-конференција изјави дека припадникот на СЕАЛ, Вилијам Џозеф Кастањеда Гомез бил водач на операцијата. Покрај Гомез уапсени сè уште двајца Американци-Дејвид Естрела и Арон Барет Логан, двајца шпански државјани – Хозе Марија Басоа Валдовинос и Андрес Мартинез Адасме и чешкиот државјанин Јан Дармовзал.
Во операцијата биле запленети и 400 американски пушки.
ЦИА ја водеше оваа операција. Ова воопшто не нè изненадува, истакна Кабело на прес-конференција, тврдејќи дека е вклучен и Националниот разузнавачки центар на Шпанија. Тој тврди дека операцијата има многу јасни цели за атентат на претседателот Николас Мадуро и други венецуелски функционери, вклучително и него и потпретседателот.
Стејт департментот вчера потврди дека во Венецуела е уапсен припадник на американската армија и уште двајца Американци.
Сите наводи за вмешаност на САД во заговор за соборување на Мадуро се категорично лажни. САД продолжуваат да поддржуваат демократско решение за политичката криза во Венецуела, соопшти Стејт департментот.
Додека Амбасадата на Шпанија испрати вербална нота до венецуелската Влада барајќи пристап до приведените граѓани, за да се потврди нивниот идентитет и националност и да се знае точно за што се обвинети“.
На претседателските избори во јули Мадуро освои трет претседателски мандат. Коалицијата што го поддржува опозицискиот лидер Едмундо Гонзалес тврди дека Мадуро ги изгубил изборите со голема разлика.
САД го признаа Гонзалес како кандидат, кој доби најмногу гласови на изборите, но формално не го признаа како новоизбран претседател на Венецуела. Минатата недела Гонзалес откако беше издадена потерница по него со која се товари за тероризам, заговор и други злосторства, пребега во Шпанија.
САД на 12 септември воведе санкции за функционери кои се поврзани со Мадуро поради наводно попречување на изборите.