
Велосипеди, тротинети и отпад извлечени од морето во Солун
Велосипеди, тротинети, отпад, но и еден мотор биле извлечени од дното на Солунскиот залив, односно од морето кај Солун во делот меѓу Белата кула и концертната сала, јави дописничката на МИА од Атина.
Велосипеди, тротинети, отпад, но и еден мотор биле извлечени од дното на Солунскиот залив, односно од морето кај Солун во делот меѓу Белата кула и концертната сала, јави дописничката на МИА од Атина.
Од општина Солун преку социјалните мрежи информира за акцијата за чистење на морското дно, спроведена од волонтери нуркачи и паралелно објавија фотографии од она што било пронајдено: три велосипеди, 77 тротинети, еден мотор и многу отпад.
-Заштитата на Солунскиот залив не е само одговорност на властите. Тоа е одговорност на сите нас. Да го одржуваме нашиот морски простор чист и гостопримлив за жителите, посетителите и морскиот свет, напишаа од општина Солун.