
Велосипедист повреден во сообраќајка кај „Мавровка“, Османи му помагаше на местото
На видеоснимката од местото на сообраќајната несреќа се гледа како велосипедистот лежи на земја, очигледно жалејќи се на болки. Се гледа и дека е опкружен од граѓани кои се обидуваат да му помогнат, давајќи му вода и пружајќи му друга помош.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека екипа на СВР Скопје извршила увид на местото на несреќата, а 77-годишниот велосипедист е пренесе во Градската општа болница „8 Септември“, каде му се констатирани телесни повреди.
Повозрасен велосипедист денеска попладне е повреден во сообраќајна незгода, откако во него удрил автомобил на крстосницата во близина на трговскиот центар „Мавровка“, во центарот на Скопје.
На видеоснимката од местото на сообраќајната несреќа се гледа како велосипедистот лежи на земја, очигледно жалејќи се на болки. Се гледа и дека е опкружен од граѓани кои се обидуваат да му помогнат, давајќи му вода и пружајќи му друга помош.
Меѓу нив е и потпретседателот на Демократската унија за интеграција и актуелен кандидат за градоначалник на општина Чаир на „Националната алијанса за интеграција“, Бујар Османи, кој се нашол на местото.
Настанот го потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму велат дека сообраќајната несреќа во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје била пријавена во 14:05 часот, а се случила на крстосницата од улицата „Филип Втори“ со булеварот „Гоце Делчев“.
Во неа, учествувале патничко возило „фолксваген“ што го управувало 58-годишно лице со иницијали Х.А. и велосипед на кој бил 77-годишниот С.Т. од Скопје.
Според МВР, велосипедистот бил пренесе во болница, каде му се констатирани телесни повреди.
„Со возило на Итна медицинска помош С.Т. е пренесен во ГОБ ‘8 Септември’ во Скопје, каде му се констатирани телесни повреди“, велат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје.