Велика Британија денеска добива нов премиер

Денеска во Велика Британија ќе биде познато дали поранешната министерка за надворешни работи Лиз Трас или поранешниот министер за финансии Риши Сунак ќе го заменат Борис Џонсон на премиерската функција.

По три месеци кампања околу 200.000 членови на Конзервативната партија по пошта гласаа за наследник на Џонсон, кој на 7 јули беше принуден да поднесе оставка по неколку месечните скандали.

Според анкетите фаворит за лидерското место во партијата и за премиерската функција е Трас.

Во 12 часот и 30 минути по локално време денеска ќе бидат објавени резултатите од гласањето за нов лидер на Конзервативната партија.

Британската кралица Елизабета Втора утре во замокот Балморал во Шкотска ќе го прими и ќе го именува новиот лидер на ториевците за премиер на Велика Британија.

Првата седница на новата британската влада ќе се одржи на 7 септември.

За време на владеењето на кралицата Елизабета Втора сменети се 14 премиери.