Велика Британија воведе санкции за три руски агенции кои се обиделе да користат дезинформации за Украина
Велика Британија денеска воведе санкции за три руски агенции и тројца шефови на тие агенции, кои, според Лондон, се обиделе да користат дезинформации за да ја „поткопаат и дестабилизираат Украина и нејзината демократија“.

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека Агенцијата за социјално проектирање (АСП, руска технолошка компанија) и нејзината партнерска фирма „Структура“ се обиделе да спроведат серија „интервенциски акции“ со цел да ја ослабат меѓународната поддршка за Украина.
Третата санкционирана фирма е АНО „Дијалог“ (автономна непрофитна организација), чија област на дејност ги опфаќа комуникациите.
Санкционирани се директорот на АСП и „Структура“ Илја Гамбашиџе, програмскиот директор на АСП Андреј Перла и генералниот директор на „Структура“ Николај Тупикин.
„Денешните санкции испраќаат јасна порака дека нема да ги толерираме вашите лаги и мешање – доаѓаме по вас“, се вели во соопштението на британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами.