Вежди Рашидов од ГЕРБ-СДС е избран за нов претседател на Парламентот во Бугарија

По пет неуспешни обиди во изминатите три дена, за претседател на бугарскиот Парламент денеска беше избран Вежди Рашидов од пратеничката група на ГЕРБ-СДС.

„За“ беа 139, „против“ – 73, а воздржани 27 пратеници.

Тој беше предложен од четири пратенички групи – ГЕРБ-СДС, ДПС, „БСП за Бугарија“ и „Бугарски подем“.

Кандидатурата на најстариот пратеник во овој парламент ја најави лидерката на левицата, Корнелија Нинова.

За Цвета Рангелова од „Преродба“ гласаа 29 пратеници, 71 против, а 137 воздржани, јави „БТА“.