Веб страната на Министерството за социјална политика, демографија и млади достапна за лицата со попреченост

Министерството за социјална политика, демографија и млади стана првата јавна институција која има целосно пристапна веб-страница за лицата со попреченост, во согласност со Европската директива EN 301 549 и стандардите WCAG 2.1. Ова претставува историски чекор кон дигиталната инклузија и еднаквост. Со поддршка на тимот од AccessWay, овозможивме веб- страницата на министерството да стане достапна за сите корисници, вклучително и за лицата со визуелна, моторна или когнитивна попреченост. Ова исклучително достигнување испраќа силна порака – Инклузијата започнува од пристапот! Министерството ги повикува сите јавни институции да го следат овој инспиративен пример. Заедно можеме да изградиме општество и иднина што ќе биде поправична, поеднаква и поинклузивна за сите.

Министерството за социјална политика, демографија и млади стана првата јавна институција која има целосно пристапна веб-страница за лицата со попреченост, во согласност со Европската директива EN 301 549 и стандардите WCAG 2.1.

Ова претставува историски чекор кон дигиталната инклузија и еднаквост. Со поддршка на тимот од AccessWay, овозможивме веб- страницата на министерството да стане достапна за сите корисници, вклучително и за лицата со визуелна, моторна или когнитивна попреченост.

Ова исклучително достигнување испраќа силна порака – Инклузијата започнува од пристапот!

Министерството ги повикува сите јавни институции да го следат овој инспиративен пример.

Заедно можеме да изградиме општество и иднина што ќе биде поправична, поеднаква и поинклузивна за сите.

Посетете ја: www.mtsp.gov.mk