Ваљбон Лимани повторно e кандидат за градоначалник на Гостивар
Ваљбон Лимани од вечерва е официјално кандидат за градоначалник на општина Гостивар на повторните избори. Тој, кандидатурата ја поднесе до Општинската изборна комисија придружуван од негови поддржувачи и коалициски партнери од Националната алијанса за интеграција.

Околу исходот на повторните избори на новинарско прашање тој посочи дека ќе победи, но како што рече, да се почека до 11 јануари кога граѓаните ќе ја изразат волјата.
Лимани околу кампањата рече дека таа ќе се води низ директни средби со граѓаните по околните населби, бидејќи како што рече програмата од 19 октомври веќе е позната.
– Освен за програмата, со нашите сограѓани на директните средби ќе разговараме и за сè она што се случуваше овој период, изјави Лимани по предавањето на кандидатурата.
Кандидатурата на Ваљбон Лимани за градоначалник е првата и засега единствената. Рокот за поднесување на кандидатури за повторените избори истекува утре на полноќ. Лимани како кандидат во првиот круг на локалните избори во октомври не успеа да извојува победа за 23 гласа, бидејќи толку гласови недостигаа за цензус. До пред извесно време тој беше вршител на должноста градоначалник.