Вашингтон пост: Пентагон подготвува 1.500 војници за евентуално распоредување во Минесота
Министерството за одбрана на САД им нареди на околу 1.500 активни припадници на вооружените сили да се подготват за евентуално распоредување во државата Минесота, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на претставници од одбраната.

Војската ги стави единиците во состојба на готовност во случај насилството во федералната држава да ескалира, објави весникот.
Тој потег е преземен откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го активира Законот за бунт доколку државните претставници не ги спречат демонстрантите да напаѓаат агенти на Службата за имиграција и царина (ICE).
– Доколку корумпираните политичари во Минесота не го почитуваат законот и не ги спречат професионалните агитатори и бунтовници да напаѓаат патриоти на ICE кои само се обидуваат да си ја работат работата, ќе го активирам ЗАКОНОТ ЗА БУНТ, напиша Трамп на својата социјална мрежа во четвртокот.
Ниту Пентагон ниту Белата куќа не одговорија веднаш на барањето на весникот за коментар.