Вашингтон е подготвен да направи се за да ја одржи власта во светот, жртвувајќи ја благосостојбата на граѓаните и економијата на Европа, изјави претседателот на Државната дума на Русија – Вјачеслав Володин.
„Вашингтон ја осудува Европа на глад, студ и изолација. Во САД гасот денес чини 333 долари за 1.000 кубни метри. Самиот Вашингтон и го продава на Европа како 7,3 пати поскап, што ја прави економијата на земјите од ЕУ неконкурентна. Инфлацијата веќе достигна рекордни нивоа за еврозоната – 8,9%… Вашингтон е подготвен да направи се за да ја задржи својата моќ над светот, жртвувајќи ја за него благосостојбата на граѓаните и економијата на европските земји“ – напиша Володин на својот канал на Телеграм.
Тој нагласи дека големите горештини што избувнаа во Европа силно го погодија земјоделството. Жетвата е за 20 отсто помала од лани.
Дополнително, има недостиг на струја, а нејзината цена пораснала шестпати за една година.
„Одлуките за отфрлање на европските земји од руски енергетски извори, прекин на економската соработка со нашата земја, забраната за влез на граѓани на Руската Федерација се донесени под притисок на Вашингтон. Диригенти на неговата политика во Европа се Англија, а земјите на кои им остана само име од нивниот суверенитет: Литванија, Летонија, Естонија, Украина. Полска, Чешка и Финска се приклучија на оваа русофобна коалиција со надеж дека ќе добијат американски подароци“ – додаде Володин.