Ватикан поведе истрага против шпански бискуп обвинет за педофилија

Ватикан поведе истрага против бискупот на Кадиза и Сеуте, Рафаел Зорноза, кој е обвинет дека повеќе пати сексуално злоупотребил тинејџер во 90-тите години од минатиот век, додека бил свештеник во Мадрид

Ватикан поведе истрага против бискупот на Кадиза и Сеуте, Рафаел Зорноза, кој е обвинет  дека повеќе пати сексуално злоупотребил тинејџер во 90-тите години од минатиот век, додека бил свештеник во Мадрид.

Тоа е прв познат случај против шпански бискуп обвинет за педофилија.

Жртвата летово испрати жалба, преку писмо адресирано до римската Дикастеријата за доктрина на верата, во кое ја опишал злоупотребата и побарал преземање мерки.

Тинејџерот го обвини Зорноза дека сексуално го злоупотребувал од 14 до 21 година.

Поради обвинувањето бискупот Зорноза привремено ги прекина своите црковни активности и најави дека целосно ќе соработува со истрагата.

Епархијата Кадис и Сеута објави дека обвинувањата ги истражува црковен трибунал свикан во Амбасадата на Ватикан во Мадрид, и оти локалните црковни власти ќе соработуваат со истрагата.