
Ватикан ги објави првите фотографии на папата Франциск во неговиот ковчег, бидејќи подготовките за неговото последно почивалиште се во тек.
Телото на понтифот се очекува да биде пренесено во базиликата Свети Петар, каде верниците ќе имаат можност да му оддадат почит. Кардиналите денеска се состануваат за прв пат, со цел да ги одредат датумите и за пренесување на телото и за погребот.

Според апостолскиот устав Universi Dominici Gregis, кој ги дефинира процедурите по смртта на папата, погребната служба мора да се одржи „помеѓу четвртиот и шестиот ден од неговата смрт“.
Тоа значи дека погребот на папата Франциско би можел да се одржи меѓу петок, 25 април и недела, 27 април.
Според италијанските медиуми, а особено националната новинска агенција АНСА, повикувајќи се на извори од Ватикан, се чини дека најверојатен датум за церемонијата е сабота, 26 април.