Васко Ковачевски поднесе оставка од директорската позиција во ЕСМ, на негово место доаѓа Васко Стефанов

Васко Ковачевски поднел оставка од функцијата генерален директор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

Тој за тв24, како што објави телевизијата, изјавил дека ја депонирал неговата оставка до премиерот Димитар Ковачевски.

Двајцата попладнево во Владата треба да одржат прес-конференција за годишниот извештај на АД ЕСМ за 2022 година, а на која се очекува да бидат соопштение и официјални информации за неговото заминување.

Надзорниот одбор на ЕСМ го назначи Васко Ковачевски за претседател на Управниот одбор и за генерален директор во јули 2019 година, функција на која дојде од местото директор на РЕК „Битола“ (најголема подружница на ЕСМ) каде беше назначен во јануари 2018 година.

Васко Стефанов ќе биде нов директор на АД ЕСМ по повлекувањето на Васко Ковачевски, јавува Телма.

Стефанов стана директор на „Македонска Пошта“ по разрешување на Јани Макрадули, а бил директор и на Водостопанство.