Васко Ковачевски не е уапсен, тој е надвор од државата

Не се точни информациите дека поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски утринава бил уапсен. Имено, според непотврдени информации, Ковачевски ја напуштил државата уште во текот на септември.

Не се точни информациите дека поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски утринава бил уапсен. Имено, според непотврдени информации, Ковачевски ја напуштил државата уште во текот на септември оваа година.

Тој, заедно со неговиот наследник во ЕСМ, Васко Стефанов и други лица се осомничени дека формирале злосторничко здружение и со злоупотреби на службената должност се стекнале со противправна корист.

Освен овие физички лица има осомничени и правни лица.

Од МВР само потврдуваат дека во тек е полициска акција.

-Во тек е полициска акција во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. По завршувањето на истата соодветно ќе ја известиме јавноста, велат од МВР.

Детали за акцијата за подоцна најавуваат и од ОЈОГОКК.