Асен Василев – вицепремиерот и министер за финансии на Бугарија вели дека ставот на претседателот Румен Радев за Украина е срамен бидејќи содржи разбирање дека Русија ќе победи во овој конфликт.
Василев смета дека Украина ќе победи во овој конфликт и Бугарија мора да и помогне.
„Затоа што алтернативата беше прво Украина, а потоа и цела Источна Европа да стане вазал на Русија. Ние како Влада и партија тоа нема да го дозволиме. Ние не бараме војна, но кога ќе дојде до нашиот праг, ќе го одбиеме агресорот. Во овој конфликт Бугарија ќе и помогне на земјата која се бори против агресорот“ рече Василев.
Тој коментираше и дека против Бугарија се води невидена економска војна и рече дека во Брисел ќе се разговара за заедничка набавка на гас.
Бугарскиот вицепремиер увери дека во моментов испораките на гас се загарантирани.