Претседателот на Бугарија, Румен Радев денеска во 17 часот ќе го прими кандидатот за премиер, предложен од „Продолжуваме со промените“, Асен Василев кому му го даде мандатот за формирање нова Влада во рамките на сегашниот Парламент.
Завчера„Продолжуваме со промените“, БСП, „Демократска Бугарија“ и независните ја финализираа програмата за управување за следните 6 месеци, а вчера Националниот совет на БСП ја одобри.
Василев рече дека се уште нема поддршка од 121 народен пратеник, а вчера повторно потврди дека доколку во парламентот нема 121 глас – нема да предложи влада.
Координаторот на пратеничката група на „Продолжуваме со промените“ – Андреј Ѓуров за БТВ изјави дека во оваа фаза нема промена на ситуацијата.
Лидерката на БСП – Корнелија Нинова изјави дека доколку првиот мандат не се случи, а третиот им биде врачен од претседателот, левицата ќе вложи максимални напори да спроведе преговори за формирање влада.
Од ГЕРБ најавија дека доколку ним им биде даден мандатот, веднаш ќе го вратат.