
Васев, Црвенкова и Јакимовски се изјаснија како невини во случајот „Онкологија“; Пешевска призна вина, но прстот го впери во Васев
Обвинетиот Никола Васев на денешното судско рочиште се изјасни како невин, на што неговиот адвокат Никола Ставрев истакна дека против неговиот клиент се води некаков заговор.
Обвинетиот Никола Васев на денешното судско рочиште се изјасни како невин, на што неговиот адвокат Никола Ставрев истакна дека против неговиот клиент се води некаков заговор.
„Ние ќе ја докажеме неговата невиност со докази и со нив во целост ќе се спротивставиме и ќе ги побиеме доказите на Обвинителство. И тоа ќе го побиеме со вештото лице кое го имаме ангажирано. Бараме да биде испрашана како сведок Марина Вукашиновиќ Столеска и бараме изземање на вештакот Милан Ристески, истакна адвокатот Ставрев, јавува „Фокус“.
Бидејќи судот го одби барањето за неприфаќање на вештачењата од Србија и Словенија, одбраната на Васев побара вештаците да бидат директно сослушани, а како сведоци ќе бидат повикани и лекари онколози од Клиниката.
Доктор Васев додаде дека не може да биде вештак некој како Милан Ристески, кој тој претходно го сменил од директорската фотелја.
Судијката Снежана Марковска го предупреди другиот адвокат на Васев, Мартин Митревски да го почитува редот во Судот и ако сака да каже нешто да крене рака, во спротивно ќе се преземат мерки.
Обвинетата пак Симонида Црвенкова се изјасни за невина за кривичното дело, кое и се става на товар. Таа истакна дека цел живот била посветена на работата, за што најголема жртва трпело нејзиното семејство.
Исто така, обвинетиот Драган Јакимовски се произнесе за невин за кривичното дело, кое му се става на товар.
„Воопшто не се чувствувам виновен. Од самиот почеток најодговорно тврдам дека најпрофесионално и најодговорно ги извршувам своите работни задачи”. Јас не сум наштетил на други луѓе. Само јас работам во семејството и немам потреба да им наштетат на пациентите. Мене не ме плаши правдата, мене ме плаши неправдата која некој сака да ми ја нанесе”, истакна доктор Јакимовски.
Обвинетата Мери Пешевска призна вина, но прстот на вина го впери во Васев
Обвинетата Мери Пешевска во целост ја признава вината, со што прстот на вина го посочи во екс директорот Нино Васев.
Таа истакна дека е виновна и се извинува на оштетените пациенти, со тоа што посочи дека Васев бил нивни ординирачки доктор, а факсимилот бил ставен на шалтер и го користеле сите, пренесува „Фокус“.
Таа се товари дека соработувала со Нино Васев и небрежно постапувајќи дозволила финализирање на терапија кај седум пациенти.
Пешевска уште додаде дека нејзиниот печат го користеле специјализанти, но сепак повторно истакна дека тој факсимил е нејзин.
Нејзиниот адвокат побара да се раздвои постапката.
Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.