Комесарот за проширување на Европската унија, Оливер Вархеји денеска изјави дека од утре стапува на сила Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан.
Тој, исто така, на платформата Х напиша дека шестте земји од Западен Балкан ревносно финализираат шест реформски агенди и реформи.
На 24 април, Европскиот парламент го одобри привремениот договор со Советот на ЕУ за инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, со кој на регионот, вклучително и Македонија, му се дава пристап до дополнителна финансиска помош од шест милијарди евра во периодот од 2024 до 2027 година.