Вархеји: Усвојувањето на судските закони од суштинско значење за патот кон ЕУ

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји го поздрави усвојувањето на сет судски закони во српскиот парламент и оцени дека тоа е чекор од суштинско значење за натамошен напредок во преговорите за членство во ЕУ.

Вархеји на Твитер истакна дека ЕУ ја поддржува Србија на нејзиниот пат кон европската интеграција.

„Независен судски систем е од клучно значење. Го поздравуваме усвојувањето на пакетот за реформи во судството во српскиот парламент. Овој чекор е суштински за понатамошен напредок во преговорите за пристап“, рече Вархеји на Твитер.