Вархеји: Меѓувладина конференција со Албанија и С. Македонија може да се одржи за неколку дена

Оливер Вархеи – еврокомесарот за проширување изјави дека првата меѓувладина конференција на ЕУ со Северна Македонија и Албанија може да се одржи во наредните денови.

„Многу напори се направени за да се надмине спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. Сега е време сите чинители да го направат последните чекор. Имам големи надежи дека меѓувладината конференција со Албанија и Северна Македонија може да се одржи за неколку дена. Овие земји испорачаа сѐ е што е побарано од нив. Тие се подготвени, треба и ние да бидеме. Имаме решение на маса кое е одобрено од бугарскиот парламент. Сите пречки се надминати, ЕУ треба да напредува“ – изјави Вархеји.

Тој истакна дека ЕУ е решена да го внесе целиот регион во ЕУ и дека земјите од Западен Балкан ќе бидат интегрирани во сите механизми за ублажување на кризите.