Вархеји за потпишување на билатералниот протокол меѓу С.Македонија и Бугарија: Европа оди напред!

„Го поздравувам билатералниот протокол потпишан меѓу Бугарија и Северна Македонија“, напиша на Твитер еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Министрите за надворешни работи на Бугарија и Северна Македонија вчера потпишаа билатерален специјален протокол, со кој, според нашите источни соседи, се гарантира бугарската национална позиција.

Според Вархеји, ова создава услови чешкото претседателство со Советот да ја свика првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија со цел да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

„Европа оди напред!“, заклучува Вархјеи во својот пост.