Вархеји доаѓа во Белград на средба со Вучиќ

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска ќе се сретне со комесарот за соседска политика и проширување на Европската унија, Оливер Вархеји.

Како што се наведува во соопштението на Канцеларијата за соработка со медиумите на Претседателот на Републиката, средбата ќе започне во 17:00 часот, во зградата на Генералниот секретаријат на Претседателот на Републиката.

По средбата двајцата функционери ќе се обратат пред медиумите.