Варди ќе му биде соиграч на Барди во Трабзонспор?
Ненад Бјелица – тренерот на турскиот фудбалски клуб Трабзонспор посакува да го ангажира Џејми Варди од Лестер за нов прв напаѓач на тимот.
Се очекува за Трабзонспор наскоро да потпиша Мислав Оршиќ, но Бјелица сака офанзивата дополнително да ја засили и со 36-годишниот Варди.
Шанса за ангажман на Варди е во тоа што Лестер испадна од Премиерлигата.
Напаѓачот лани имаше лоша сезона, на 42 натпревари даде само 6 голови.
Тој е далеку од формата во која играше во минатото, но тренерот Бјелица верува дека би можел да биде корисен за турскиот клуб.
Што се однесува до Барди, турските медиуми информираат дека стигнала понуда од 300.000 евра за македонскиот репрезентативец.
Очекувано, поранешниот шампион на Турција експресно ја отфрлил понудата, јасно ставајќи до знаење дека нема намера да продолжи да преговара со овој клуб од Саудиска Арабија.