Вардар се врати во прволигашката конкуренција откако попладнево го победи градскиот ривал Скопје со 3-0 (1-0) во баражот за место во Првата македонска лига (ПМФЛ).
Натпреварот се одигра на неутрален терен во Кавадарци, и дојдоа во водство веќе во 4. минута со голот на Дарко Размоски.
Црвено-црните во продолжението на првиот дел пропуштија уште неколку изгледни шанси за гол, а задачата на Скопје да се врати од резултатската негатива дополнително го отежна исклучувањето на Миле Тодоров во 35. минута. Фудбалерот на Скопје доби директен црвен картон откако врати на трибината факел што претходно на теренот го фрлија навивачите на Вардар.