Вардар договори шест натпревари на подготовките во Турција

Есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) Вардар своите подготовки за настап на вториот дел од сезоната ќе ги одржи во Турција каде ќе одигра шест контролни натпревари.

Есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) Вардар своите подготовки за настап на вториот дел од сезоната ќе ги одржи во Турција каде ќе одигра шест контролни натпревари.

Тренерот Гоце Седлоски ќе го означи стартот на подготовките по новогодишните и божиќните празници, по што тимот на 13 јануари ќе замине за Анталија.

Предвидено е Вардар да одигра контролни натпревари против руските екипи Ахмат Грозни и Динамо Махачкала, чешки Јаблонец, полски Мотор Лубин, како и Андијон од Узбекистан и Алашкерт од Ерменија.

Вардар го заврши есенскиот дел од сезоната во ПМФЛ непоразен на првото место со 42 бодови, еден повеќе од Струга на втората и шест повеќе од Шкендија на третото место.