Вардариште гори, градоначалниците се чешлаат за плакати, граѓаните се гушат

Утрово повторно гори на депонијата Вардариште, а жителите на скопските населби Аеродром и Ново Лисиче се во густи облаци чад и неподнослива миризба. Состојбата е алармантна – воздухот е загаден, а граѓаните велат дека не можат ниту прозорец да отворат.

Од утринските часови има бројни реакции на социјалните медиуми за силна и непријатна миризба што се шири низ домовите, а дел од граѓаните се жалат и на отежнато дишење, особено повозрасни лица и деца.

„Чадот влезе во становите, не се дише. Ова е вистинска еколошка катастрофа“, реагираат жители од Ново Лисиче на социјалните мрежи.

Во меѓувреме, жителите на Аеродром три дена по ред протестираат против загадувањето што доаѓа од Вардариште. Се собираат кај мостот „Киро Глигоров“, ја блокираат крстосницата и бараат институциите да преземат итни мерки.

Протестите според најавите на жителите ќе продолжат и денес од 18 часот, ќе продолжат сѐ додека не се најде трајно решение за еколошката бомба во срцето на главниот град.