Честитки до Северна Македонија за првата Меѓувладина конференција со ЕУ изрази алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милитиадис Варвициотис преку неговиот „Твитер“ профил и порача дека „ќе работиме заедно за нашата заедничка иднина“.
Варвицотис, кој присуствуваше на конференцијата во Брисел, објави фотографија со премиерот Димитар Ковачевски на кого му ја изразил грчката поддршката на нашиот пат во ЕУ.
-Честитки за Северна Македонија за одржувањето на првата Меѓувладина конференција со ЕУ. На премиерот Димитар Ковачевски му ја изразив поддршката на Грција во европската перспектива на неговата земја. Ќе работиме заедно за нашата заедничка иднина, напиша Варвициотис на „Твитер“.