
Ван Дајк по дуелот со Њукасл: Примивме два гола, тоа не требаше да се случи
Одбранбениот фудбалер на Ливерпул, Вирџин ван Дајк, не е задоволен од играта на неговиот тим на средбата со Њукасл и покрај победата.
Одбранбениот фудбалер на Ливерпул, Вирџин ван Дајк, не е задоволен од играта на неговиот тим на средбата со Њукасл и покрај победата.
„Црвените“ синоќа победија со 3:2 со гол постигнат во 90+10. минута.
– Сите знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Знаевме дека во текот на неделата се долеа многу масло на огнот за да се запали Њукасл. Она што се случи вечерва беше очекувано, а за нас најразочарувачко беше што примивме два гола од прекини. Не требаше да го дозволиме тоа. Сепак, ова се одлични три бода, продолжуваме понатаму и се фокусираме на следниот натпревар, изјави Ван Дајк за „Скај спортс“.
Ливерпул има максимални шест бода по првите две премиерлигашки кола, Њукасл освои само бод.