Ванчо Георгиев е именуван за претседател на Комисијата за историски прашања со Бугарија

Владата на затворена седница го назначила Ванчо Георгиев, професор на Факултетот за историја во Скопје, за претседател на Комисијата за историски прашања со Бугарија, пишува „Нетпрес“.

Ванчо Георгиев доаѓа на местото на Драги Ѓоргиев од кого новата Влада и ВМРО-ДПМНЕ не беа задоволни од неговата работа.

Инаку, Георгиев беше член на комисијата, но истапи од неа, како што рече тогаш, поради притисокот што го правела тогашната Влада.

Ова е новиот состав на Комисијата:

Проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, редовен професор на Филозофскиот факултет при УКИМ – Скопје

Д-р Александар Литовски, научен соработник при Институтот за национална историја во Скопје

Д-р Митко Панов, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје

Проф. д-р Никола Минов, вонреден професор на Филозофскиот факултет во Скопје при УКИМ – Скопје

Доц. д-р Сашо Додевски, насловен доцент избран на Филозофскиот факултет во Скопје

Д-р Бесник Емини, виш научен соработник на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје

Д-р Димитар Љоровски, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје.