БРИКС е еден од одговорите на она дека немаме друга алтернатива. Нашето приближување кон БРИКС е нешто што лежи на маса, и кое треба да се искористи. Појас и Пат, кинеската иницијатива, која гради инфраструктури, секаде каде што ќе најде добар одговор, јас сум и за тоа. Јас сум и за Движењето на неврзаните. А ние, си ги пресековме сами можностите со воведување на санкции кон Русија. Ние трпиме штета, следејќи нечии инструкции, а притоа не добиваме компезации за тоа, вели кандидатот за претседател на Левица – проф. Билјана Ванковска, во „Аргумент Плус“.
„Меѓународната заедница не е Западот, Брисел и Вашингтон. Меѓународната заедница се сите држави кои членуваат во ООН. Тој Запад, тие не живеат тука, во нашето уредување, не ги познаваат нашите корени, ни нашата фрустрација со Бугарија. И тука не зборуваме за народот, туку за власт која во одреден момент на историјата била окупаторска“, истакнува таа.