Вандали сакале да предизвикаат пожар во штипската модуларна болница

Во штипската модуларна болница е регистриран нов вандализам од страна на непознати сторители. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев денеска на својот Фејсбук профил објави фотографии на кои се гледа дека непознати сторители ја саботирале електрична инсталација со цел да предизвикаат пожар во објектот.

-Во изминатиот период, модуларната болница во Штип неколкупати е мета на намерни оштетувања. Непознати сторители саботираат делови од електричната инсталација, со сериозен ризик да предизвикаат краток спој и пожар. Со тоа директно се загрозува здравствениот персонал и безбедноста на објектот, посакувајќи намерен пожар, вели во Фејсбук статусот Захариев.

Тој истакнува дека овие вандалски акти ја успоруваат и одложуваат планираната реконструкција и унапредување на модуларната болница, која треба да обезбеди подобри услови за згрижување на пациенти и работа на медицинскиот кадар.

-Станува збор за сериозна закана која бара итна и решителна реакција, вели Захариев.

Тој во телефонска изјава вели дека случајот е пријавен во Полиција. Инаку болницата во изминатата година десет пати има пријавувано дека  некој влегувал и крадел делови и инвентар од модуларната болница.