Вал: Со одлуката за повреда на правата на новинарите за 27. април, Уставен придноесе за развој на демократијата

За организирањето на 60 годишниот јубилеј, Уставниот суд доби поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје при што еден од говорниците беше и амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата во Скопје, кој во своето излагање даде неколку поенти за важноста на Уставниот суд и неговиот придонес за напредок на демократскиот развој на општеството.

„Едноставното споменување на богатата судска пракса на Судот нема да им оддаде признание на нивните напори, но многу е важно да се истакне дека, низ целата негова стожерна работа, Уставниот суд воспостави доктрина на позитивната обврска на државата да ги обезбедува слободите и правата. Судот го постави овој стандард со тоа што ја зеде предвид праксата на Европскиот суд за човекови права при заштитата на слободата на изразување и заштитата на новинарите. Преку својата јуриспруденција, Судот не само што ги одбрани индивидуалните права на новинарите, туку и активно придонесе за слободно и демократско медиумско известување. Со оваа епохална одлука, Уставниот суд директно придонесе за развојот на посилно демократско општество во Северна Македонија”.

Шефот на мисијата на ОБСЕ,Килијан Вал изрази поддршка за Уставниот суд за воведување на уставна жалба и потенцираше:

“Долго време се застапува зајакнувањето на Уставниот суд преку воведување на сеопфатниот механизам на жалба. Со доверувањето мандат на Уставниот суд директно да ги обработува жалбите на граѓаните, наместо да се потпираме на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, ја правиме правдата попристапна и поблиску до дофатот на сите граѓани на Северна Македонија.

Стоејќи на овој крстопат, на кој го славиме минатото и гледаме кон иднината, да ја обновиме нашата колективна заложба за поддршка на патувањето на Уставниот суд.

Почитувана претседателка Кацарска, почитувани гости, Мисијата на ОБСЕ во Скопје е ваш партнер на ова патување на кој може да се потпрете. Неодамнешното потпишување на обновениот Меморандум за разбирање помеѓу Мисијата и Уставниот суд сведочи за нашата заедничка заложба за зајакнување на капацитетот на Судот.

Заедно со Вас и сите наши партнери, се посветуваме да го поддржиме Судот кој продолжува да служи како витален столб во заштитата на човековите права, зачувувањето на правдата, владеењето на правото и демократијата во Северна Македонија”, рече Вал.