Валтер Мацари ќе биде новиот предводник на Наполи
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис го сведе изборот на нов тренер на клубот на две имиња – Игор Тудор или Валтер Мацари.
Италијанските медиуми и Фабрицио Романо пишуваат дека преговорите меѓу Де Лаурентис и искусниот Мацари се во тек, иако Хрватот бил „веќе виден“ во Неапол.
Во Наполи сакаат да доведат тренер кој би прифатил договор до крајот на оваа сезона, на што е подготвен Мацари, додека Тудор не се откажува од барањето да потпише договор до крајот на следната сезона.
Мацари (62) веќе го водеше Наполи од 2009 до 2013 година, а со него клубот го освои Купот на Италија во 2012 година, а една година подоцна заврши на второто место во првенството.
Потоа ги тренираше Интер, Ватфорд, Торино и Каљари.