Валенсија испиша историја, го постигна првиот гол на СП во Катар

Само 16 минути му беа потребни на еквадорскиот фудбалер Енер Валенсија да го постигне првиот гол на овогодинешното Светско првенство во Катар.

Само три минути навивачите ширум светот чекаа да се тресе Светското првенство.

Енер Валенсија ја погоди мрежата на Катар на асистенција на Феликс Торес. На ова му претходеше лоша реакција на домашниот голман Саад Ал Шееб, но Даниеле Орсато го поништи голот поради офсајд позиција.

Сепак, за Катар немаше помош во 16. минута. Валенсија помина покрај голманот Ал Шееб, кој го собори во шеснаесетникот, а Орсато без размислување покажа на белата точка.

Напаѓачот на Фенербахче во дресот на Еквадор ладнокрвно и без проблеми ја испрати топката во еден, а голманот на Катар во другиот правец за водство на јужноамериканската репрезентација.

Во 32 минути истиот играч го постигнува и вториот гол за Еквадор, па селекцијата од Јужна Америка има водство од 2-0 над домаќинот.