Мицкоски: Редовно ќе гледаме вакви театри кога ќе му треба на СДСМ

Својот став за денешната одлука на Апелација за укинување на притворот на Сашо Мијалков го даде и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Тоа е евтин театар и обид на луѓето што го водат правосудството, да се исперат од тоа што се случило. После тоа видов Обвинителството повторно бара притвор за него. Редовно ќе гледаме вакви театри кога ќе му треба на СДСМ, Заев или било кој во раководството на Заев“ рече Мицкоски во гостувањето на ТВ Канал 5.