Бујар Османи разговораше со неговиот нов бугарски колега, Милков

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи телефонски разговораше со новиот министер за надворешни работи на Бугарија – Николај Милков.

Како што соопшти самиот Османи, теми на разговор биле честитките за новата функција и подготвеност за континуитет во рамките на продлабочената македонско-бугарска соработка, почетокот на преговорите со ЕУ и европската перспектива за земјава, кои, како што додава, претставуваат взаемен интерес не само на двете земји, туку и на целиот регион, и на самата Унија.