Бујар Османи повторно во посета на Украина

Министерот за надворешни рбаоти Бујар Османи повторно како претседавач со ОБСЕ ќе ја посети Украина. Ова ќе му биде трета посета на Украина од почетокот на војната.

Оди во Киев за како што вели, да изрази поддршка за земјата и солидарност со граѓаните „изложени на немилосрдните последици на војната“.

– Влијанието на воената агресија на Русија врз Украина силно се чувствува во поширокиот регион на ОБСЕ, ги промени глобалните текови и ги разниша основните заложби на Организацијата.

Со украинските владини претставници ќе разговарам како да ја зајакнеме улогата на ОБСЕ и на нејзината Програма за поддршка на Украина во насока на ублажување на последиците од војната за луѓето од погодените подрачја, но и влијанијата од неа врз поширокиот регион на ОБСЕ, соопшти Османи.